Бараме кандидати што се подготвени да работат со DATA!

Во А1 Македонија бараме идни таленти, кои се подготвени да откриваат нови светови во областа на DATA!

Дали знаеш што е A1 WayUp?

Ако твоите познавања и вештини се поврзани со Data science или Data analytics, дојди, учи и работи на реални проекти!

Во А1 Македонија бараме 8 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, со познавање од областа на Data science и Data analytics, кои ќе го збогатат и ќе го надградат своето знаење, ќе добијат можност за практична работа и искуство. Започнете го својот кариерен пат и работа на реални проекти.


Што ќе добиеш со програмата?

• Првото нешто што се подразбира – освен што програмата е платена, ќе ги користиш сите бенефити како вработен во А1, а ги има навистина многу (деталите провери ги тука).
• Практично искуство на конкретни и реални проекти – тоа ти дава голема вредност и те издвојува пред сите други.
• Jасен план за развој и поддршка од ментор.
• Стануваш дел од супернапредните процеси на дигитална трансформација.
• Имаш пристап до технологија за која другите тукушто слушнале дека постои.
• Учествуваш на разни настани (и забави) во рамките на компанијата. Стануваш дел од големото А1 семејството.

За кого е наменета програмата А1 WayUp?


За дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а имаат познавање на технологиите за работа со DATA.

Како изгледа процесот на селекција и вработување?

1. Пријава
Подготви кратка биографија и пријави се на посакуваниот проект преку формуларот за пријава на нашата кариерна страница.

2. Селекција
Процесот на селекција ќе се прави на база на потребни компетенции и вештини.

3. Дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики
Со цел да утврдиме кој проект најмногу ти одговара, ќе спроведеме тестирање на стручното знаење, како и дополнителни тестови за лични карактеристики.

4. Интервју
Тука сме да одговориме на сите твои прашања и со задоволство ја очекуваме нашата средба за да се запознаеме уште подобро.

…и Way Up!

Доколку постои одличен спој, потпишуваш договор за отпочнување на твојот ангажман и заедно започнуваме да откриваме и да градиме нови светови. Се радуваме што ќе бидеме дел од твојата А1 приказна!

Со твојот ангажман започнуваш во октомври 2021 година.

Придружи се на А1 тимот!

Преку DATA до sвездите.