Лансирајте се меѓу дигиталните ѕвезди со А1 WayUp – Генерација 2022!

Во А1 Македонија бараме идни таленти, кои се подготвени да откриваат нови светови!

Кога веќе ќе го стекнеш сето факултетско знаење, стани дел од новата генерација на програмата за професионален развој А1 WayUp. Лансирај ја сопствената кариера со најсовремените платформи за учење, искусен и посветен ментор и работа на вистински дигитални проекти.


Зошто треба да се пријавиш?

🥇 Првото нешто што се подразбира – освен што програмата е платена, ќе ги користиш сите бенефиции како вработен во А1, а ги има навистина многу.
🥇 Практично искуство на конкретни и реални проекти – тоа ти дава голема вредност и те издвојува пред сите други.
🥇 Ќе добиеш цели, програма за обуки, јасен развоен план и поддршка од ментор.
🥇 Стануваш дел од супернапредните процеси на дигитална трансформација, каде што исто така имаш пристап до технологија за која другите тукушто слушнале дека постои.  
🥇 Учествуваш на разни настани (и забави) во рамките на компанијата. Стануваш дел од големото А1 семејството.

За кого е програмата A1 WayUp?

За дипломирани студенти и за оние што завршиле факултет во последните 12 месеци.
За детали за тоа кое образование е потребно за одредени подрачја – кликни на пријавата!
Со работа започнуваш на 1.9.2022

Како изгледа програмата?

На почетокот, твојот фокус ќе биде на совладување формално знаење од подрачјата во кои ќе работиш (на пр. Power BI, автоматизација, анализа на податоци, IT бизнис-сервиси, развој на дигитални решенија, e-commerce како и развој на мрежи и др.). Едукацијата се состои од формални обуки и практична работа на конкретни примери. Ќе стекнеш и дополнителни вештини; способност за презентирање и јавен настап, ефикасна комуникација и агилен начин на работа. За кратко време ќе ги надградиш твоите вештини и знаења на ниво 2.0!

Во првите неколку месеци ќе работиш на еден од проектите на твојот ментор. Тој/таа ќе ти обезбеди средина во која ќе работиш на задачи од кои директно го учиш процесот и начинот на работа, како и примена на знаењето стекнато на обуките.

На почеток, ќе добиваш постојана поддршка од менторот, но како што поминува времето, ќе добиваш сè поголема независност и можност самиот да управуваш со своите проекти.

Како изгледа процесот на селекција и вработување?

1. Пријава
Подготви кратка биографија и пријави се за работа во посакуваното подрачје преку формуларот за пријава… најдоцна до 15.7.2022.

2. Претселекција
Поширока селекција на кандидати за кои веруваме дека би се вклопиле во потребите на отворените практикантски позиции.

3. Психолошко тестирање и тестирање на знаење за одредено подрачје
Со цел да утврдиме кое подрачје најмногу ќе ти одговара, ќе спроведеме тестирање на стручното знаење, како и дополнителни тестови за лични карактеристики.

4. Интервју
Тука сме да одговориме на сите твои прашања и со задоволство ја очекуваме нашата средба за да се запознаеме уште подобро.

…и WayUp!

Потпишуваме договор со најдобрите кандидати и на 1.9.2022 започнува нова страница од твојот живот. Се радуваме што ќе бидеме дел од твојата А1 приказна!

Придружи се на А1 тимот!