Home » Работа во А1

Светот на А1.
We make it happen!

Како? Преку посветеност, искуство и иновација на нашите тимови. Идеите, резултатите и меѓусебното почитување се она што е важно за нас, а не хиерархиите. Причината треба да го има последниот збор, а не статусот.

Живот и култура

Можноста за развој и унапредување на своите вештини е уникатна во А1 Македонија – Тоа ни помага во градење на своите идни кариери и стекнување на нови вештини кои ни помагаат за исполнување на променливите барања на нашите корисници и прилагодување на нови средини.

За иновација се потребни љубопитност и храброст. Исто така и агилност!

Ги поврзуваме луѓето ширум светот со користење на најсовремена мрежна технологија и паметни услуги и постојано бараме енергетско-ефикасни технологии кои може да им користат на нашите корисници, на општеството и на животната средина. Проектите честопати одат во поинаква насока од она што првично се очекува. Затоа сме отворени за нови идеи, ги согледуваме грешките како можности да научиме од истите и им даваме слобода на нашите вработени да си постават сопствен предизвик во агилни тимови кои опфаќаат различни функции. Ова ни овозможува брзо да реагираме на новите случувања и предизвици.

Дали агилноста е техника? И тоа како! Но, за нас агилноста е повеќе од само техника – таа е начин на размислување. На овој начин ги создаваме решенијата на иднината.

“Агилноста не е стратегија или структура, таа е начин на размислување и постапување.”

Тимската работа носи успех.

Постигнувањето на резултати на база на заеднички труд е една перспектива, сепак забавата доаѓа кога тие се слават на ист начин! Можностите да се биде дел од различни тимови се големи! Постојат голем број настани за интеракција со колеги од други оддели или тимови. Еднаш годишно тимовите добиваат можност да ја облечат својата спортска опрема и да го докажат својот тимски дух. Еве како изгледа Тимскиот дух на А1: