A1 WayUp успешни приказни
Archives for dragana

A1 WayUp успешни приказни

A1 WayUp како уникатна практикантска програма го следи целосниот развој на практикантите и во себе содржи детален едукативен и менторски план. Горди сме на фактот што оваа година на програмата ни се приклучија 15 млади таленти и започнаа да го градат својот кариерен пат во А1 Македонија. Сметаме дека нивната мотивираност, одлучност и посветеност не треба да останат незабележани и затоа решивме да ги споделиме овие позитивни искуства. Во понатамошниот текст можете да ги прочитате успешните приказни на Петар Крстевски, Стефанија Блажевска, Садра Селами, Кристина Кралева, Димитар Угров и Бобан Тасевски.

Петар Крстевски

Како дозна за А1 WayUp?

За А1 WayUp програмата дознав преку LinkedIn реклама, ја разгледав содржината на програмата и позициите, и аплицирав на она место кое беше најсоодветно за моите предзнаења кон кои сакав да додадам повеќе искуство и вештина.

Какви се твоите впечатоци за компанијата, одделот во кој работиш и, секако, твојот ментор?

На почеток се чувстував несигурен, очекував дека ќе ми треба подолг период за да се адаптирам и вклопам, со оглед на тоа дека се работи за голема компанија, но, благодарение на целокупниот пристап на компанијата, моите очекувања се надминати. Можам да кажам дека сум дел од една прекрасна компанија, пред се имам прекрасни колеги со кои работиме и го поминуваме поголемиот дел од денот. Колегите од мојот сектор секогаш ме мотивираат и ми помагаат во мојот напредок. Мојот ментор, Симон Бојаџиевски, секогаш ми излегува во пресрет за секоја задача и несебично го споделува своето знаење и искуство со мене.

Дали сметаш дека ги стекнуваш потребните знаења и вештини кои ќе те подготват и ќе придонесат кон твојата понатамошна кариера?

Благодарение на колегите од мојот сектор кои имаат огромно знаење и работно искуство, но и на самата компанија која придонесува кон нашиот развој и вложува во нас, јас не само што ги стекнувам потребните знаења и вештини, туку истите и ги применувам на реални проекти и задачи кои многу ми помагаат во развивање на мојата понатамошна кариера.

Стефанија Блажевска

Како дозна за А1 WayUp?

Моја блиска пријателка беше дел од програмата минатата година и ми ги пренесе своите позитивни впечатоци. Кога видов дека има отворена позиција која е соодветна на моите предиспозиции оваа година, решив да се пријавам и јас.

Какви се твоите впечатоци за компанијата, одделот во кој работиш и, секако, твојот ментор?

Начинот на кој е организирана оваа програма го прави процесот на моето интегрирање во компанијата многу едноставен за мене. Од тимот сум презадоволна бидејќи бев одлично прифатена и добив огромна поддршка. Ова е мое прво работно искуство и таа поддршка ми беше од големо значење. Пријателскиот однос на менторот и несебичното споделување на знаење се од огромна помош во секојдневното работење.

Дали сметаш дека ги стекнуваш потребните знаења и вештини кои ќе те подготват и ќе придонесат кон твојата понатамошна кариера?

Со оглед на тоа што ова е самиот почеток на мојата кариера, секое стекнато знаење и вештина придонесува кон мојот напредок. Многу сум среќна што го одбрав токму А1 и A1 Way Up програмата како почетна точка на овој пат бидејќи за краток период стекнав знаења и вештини кои секојдневно ги применувам и за чие совладување во спротивно, сметам дека ќе ми требаше многу подолг период.

Садра Селами

Како дозна за А1 WayUp?

Во денешниот свет, преку користење на мрежи сме поврзани како никогаш досега. Различни настани и откритија се шират преку светот за неколку секунди, така што за WayUp програмата дознав преку LinkedIn платформата.

Какви се твоите впечатоци за компанијата, одделот во кој работиш и, секако, твојот ментор?

Првите впечатоци се тие што остануват постојано на ум и секако дека се позитивни. Областа и професијата што ги имам избрано се токму тоа што сакам да го работам веќе подолг период и мило ми е што токму А1 Македонија ми овозможи да работам и да се надоградувам во областа која ја сакам. Секако дека успехот во тоа е остварлив само со посветеност, мотивација, фокус и дициплина.

Менторот е тој што ми обезбедува објективна гледна точка и ми помага да ги видам работите од поинаква перспектива, ме поддржува и ми обезбедува простор за идеи, мисли и грижи. Најважното е дека ако ние не сме подготвени да научиме и сами никој не може да ни помогне, а исто така ако сме решени да учиме никој не може да не спречи.

Дали сметаш дека ги стекнуваш потребните знаења и вештини кои ќе те подготват и ќе придонесат кон твојата понатамошна кариера?

Секако дека секој ден поминува со учење на нови работи и можам да кажам дека компјутерските мрежи се како океани на кои им нема крај, но учењето комбинирано со пракса е најдобриот метод кој не води кон подобри резултати бидејки се зголемува нашето разбирање за многу концепти, веќе се создава претстава за тоа што се работи и каде треба да ги имплементираш своите знаења.

Кристина Кралева

Како дозна за А1 WayUp?

За A1 WayUp практикантската програма дознав преку Инстаграм профилот на А1 Македонија. Преку А1 WayUp програмата стекнав и се уште стекнувам знаење и тоа го постигнувам во убава и пријатна атмосфера и енергија.

Какви се твоите впечатоци за компанијата, одделот во кој работиш и, секако, твојот ментор?

Добив шанса да работам во динамична средина исполнета со креативни работни задачи во кои брзо се вклопив и опкружена сум со луѓе кои имаат долгогодишно искуство во технологиите од кои јас сега имам можност и привилегија да учам. Особено ми е мило што сега можам да ги наречам овие експерти мои колеги и ментори. Умереноста, професионалноста и етичкиот пристап во комуникацијата и пренесување на знаењето се дел од приоритетите на компанијата, а исто така, во А1 учењето и континуираниот развој никогаш не запира.

Дали сметаш дека ги стекнуваш потребните знаења и вештини кои ќе те подготват и ќе придонесат кон твојата понатамошна кариера?

Уште од првиот ден ги стекнав истите бенефити и погодности како и секој еден вработен на А1. Благодарна сум на секој член од тимот, нивните совети и темелни предавања за се што досега научив и допрва ќе научам.

Димитар Угров

Како дозна за А1 WayUp?

Преку оглас на LinkedIn, дури две отворени позиции се преклопуваа со моето предзнаење, едукација и преференци за работа, па аплицирав за двете позиции. Во секој случај, мило ми е што од која било позиција станав дел од А1 тимот.

Какви се твоите впечатоци за компанијата, одделот во кој работиш и, секако, твојот ментор?

Динамиката на компанијата е во согласност со нејзиниот обем и на работа, но и на колеги. Одделот во кој работам е ефикасен, а моите работни задачи се целосно во склоп со она што ми беше објаснето пред да започнам. Според мене, се снаоѓам солидно и со колегите, и со работата, а најмногу со мојот ментор. За него имам само пофални зборови. Ми помага со сите секојдневни задачи и дополнително ме охрабрува да се осамостојувам и полека да ги извршувам истите сам. Исто така ме запозна со нови техники и принципи и многу материјали за учење.

Дали сметаш дека ги стекнуваш потребните знаења и вештини кои ќе те подготват и ќе придонесат кон твојата понатамошна кариера?

Дефинитивно се стекнувам со потребните знаења но сметам дека имам уште многу за учење и за усовршување. Сепак не е тоа причина за мое демотивирање, учам многу нови работи и мислам дека ќе бидат и во моја корист и во корист на компанијата.

Бобан Тасевски

Како дозна за А1 WayUp?

За A1 WayUp дознав сосема случајно на сајтот на Vrabotuvanje.mk и веднаш знаев дека тоа е многу добра шанса за да го започнам моето „лансирање“ кон почетокот на мојата кариера.

Какви се твоите впечатоци за компанијата, одделот во кој работиш и, секако, твојот ментор?

Бев скептичен на почеток, мислев дека ќе ми треба многу време за да се вклопам и дека ќе бидам тотално изгубен во оваа голема компанија. Сметајки на тоа дека ова ми e прво, најблизу до работно искуство, можам да кажам дека моите очекувања се повеќе од достигнати. Прекрасна компанија, пред се прекрасни колеги со кои го делам поголемиот дел од секојдневието. Колегите од одделот се повеќе од мотивациски настроени и секогаш спремни за соработка. За мојот ментор Милош Ѓуровски можам само да кажам дека апсолутно ми излегува во пресрет за секоја задача, проблем, решение. Секогаш ми дава целосна поддршка и ме стимулира секој ден се повеќе да напредувам и самостојно да работам.

Дали сметаш дека ги стекнуваш потребните знаења и вештини кои ќе те подготват и ќе придонесат кон твојата понатамошна кариера?

Сметам дека за овие 3 месеци научив и повеќе од очекуваното. Точно дека се уште сме на самиот старт, но верувам дека со вакво темпо на работа и напредување, кариерите, не само на мене туку и на сите мои колеги од A1 WayUp може само да бидат во подем.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Мојот прв месец во А1
Archives for dragana

Мојот прв месец во А1

Како и секој месец, сакаме да ги споделиме првите впечатоци на нашите драги колеги и да слушнеме за нивното искуство како дел од нашиот тим. Симона Туфегџиќ, како нов член на Одделот за Корпоративни комуникации, зборува за чувството на припадност во една компанија, како и за модерните алатки кои секојдневно и го олеснуваат вршењето на работните задачи и и помагаат да биде во тек со сите трендови и новости и истите да ги примени во своето работење.

Твојот прв ден во А1….

Сликата за А1 како модерна и современа компанија ми се потврди уште од моето прво влегување во зградата, бидејќи се работи за уникатно место каде се среќаваат агилноста и професионалноста, кое во потполност се преклопи со мојот карактер. Зачекорив во едно модерно, урбано и пријатно место за работа кое се движи паралелно со сите светски трендови.

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Напредните алатки за работа и целокупната технологија, како и бројните бенефити и флексибилноста на компанијата секојдневно ми ја олеснуваат работата, но и секојдневието. Иновативноста и креативноста, пак, се на исклучително високо ниво, особено во мојот оддел. Иновациите поттикнуваат креативни решенија и идеи, кои во склад со компанијата се исполнети со живот и за мене тоа претставува огромен поттик во работењето и желба за поголем придонес.

Веќе 1 месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпоративната култура?

Впечатокот за компанијата како поле за мој непрекинат раст, развој и напредок се потврдува и бргу по почетокот се почувствував како тука да припаѓам. Тимот за Корпоративни комуникации несомнено е една од најдинамичните средини која во чекор ја следи динамиката на самата компанија, но и на светот на телекомуникациите, а со тоа доаѓа и разноликоста на работата.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Вештини на иднината
Archives for dragana

Вештини на иднината во А1

Колегите и нивниот непрекинат раст и развој се еден од главните приоритети на А1 Македонија. Заедно учиме, се надоградуваме и се стекнуваме со нови вештини, а во исто време сме во тек со промените и трендовите коишто пазарот ги наметнува. Свесни сме дека дигиталните вештини се есенцијални за да бидеме успешни во нашето работење во оваа нова агилна средина.

Вештини на иднината како дел од A1 Future Hub

Соочени со овој нов предизвик, креиравме модул кој е дел од А1 Future Hub и е составен од три развојни области: Таленти за иднината, Агилна организација и Учење на дигитални вештини. Обуките се достапни за сите наши колеги и тие ја имаат можноста да ја изберат темата којашто најмногу одговара на нивните потреби и развојни цели и најдобро се вклопува во нивната кариерна патека.

„Таленти за иднината“ нуди содржини креирани за сите колеги коишто се посветени, имаат желба и аспирации да учат нови вештини, како и да ги унапредат своите постоечки способности и да станат Future-proof експерти. Можностите во рамки на оваа област се движат од дигитална писменост и подготовка на бизнис случаи до презентирање и ефективна комуникација.

Агилниот mindset е клучен за продуктивноста. Затоа, темите поврзани со Агилна организација се фокусираат на агилниот начин на работа, менаџирање на проект и design thinking. Тие се креирани за да им помогнат на сите оние колеги кои се дел од агилни проекти или во иднина би биле дел од агилен тим, а со тоа ќе придонесат во креирањето на нови продукти и иновации кои во кус рок ќе понудат вредност, како на нашите корисници, така и на колегите со кои секојдневно соработуваат.

Новите технологии носат огромни можности за подобрување на постоечките процеси, но и развивање на нови идеи и решенија. Сепак, пред да можеме да го трансформираме начинот на нашето работење, потребно е да ги идентификуваме оние области во коишто треба да се надоградиме и да работиме на развивање на овие нови дигитални вештини. Без разлика дали станува збор за автоматизација на процеси, дигитален маркетинг или пак дата анализа и вештачка интелигенција, секоја од овие мапи на учење ни помага да се стекнеме со потребните компетенции, да ги оствариме нашите цели и да останеме компетитивни во една Future-proof компанија.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Kултурата на диверзитет, еднаквост и инклузивност во процесот на регрутација и вработување во А1 Македонија
Archives for dragana

Kултурата на диверзитет, еднаквост и инклузивност во процесот на регрутација и вработување во А1 Македонија

Разликите се нашата предност и горди сме на тоа што А1 Македонија е компанија која охрабрува различни искуства, образование, етничка и религиозна припадност, возраст, пол, сексуална ориентација, физички изглед итн. Негуваме култура која почитува луѓе кои припаѓаат на разни општествени, идеолошки и културолошки ориентации, уникатни потреби и перспективи, како и потенцијал да сите колеги бидат прашани, ценети, почитувани, фер третирани и инкорпорирани во средина и култура во кои доминира полова еднаквост.

Од клучно значење е да се има тим на вработени во кој постои голем диверзитет. Тоа значи и побудување интерес за вработување во компанијата на кандидати од различни средини. Една од најактуелните теми во поглед на регрутацијата е тоа како процесот да биде целосно објективен и непристрастен и во исто време да обезбедува диверзитет, еднаквост и инклузија во рамки на компанијата.

Како го правиме ова?

Пред да воведеме какви било промени, направивме детална анализа на веќепостоечките практики и истовремено го зголемивме нивото на свесност и информираност на сите наши колеги за поуспешно управување на процесите. Ги увидовме сите потенцијали за развој и прогрес на оваа тема, обезбедивме обука за сите форми на пристрасност, како и стратегии за имплементирање на посакуваните промени.

Овие практики подразбираат пишување и објава на инклузивни описи на работно место, присутност на различни канали со цел да допреме до разновидни профили на кандидати, инклузивен пристап при спроведување на интервјуата, објективна поддршка на процесот преку невербални тестови од надворешен соработник и прилагодување кон потребите на кандидатите во однос на начин на одржување на разговорите.

Секако, фокусот го ставаме и на обезбедување на максимална транспарентност и отворена комуникација кон нашите кандидати. Навремено ги споделуваме сите информации поврзани со интересот и статусот на нивната апликација, кандидатите по самото аплицирање веднаш добиваат автоматска порака со податоци од регрутерите кои се секогаш достапни за поддршка на процесот, на нашата кариерна страница детално се опишани чекорите кои се дел од процесот на регрутација и вработување и нашата визија како Equal Opportunity Employer, однапред споделуваме релевантни податоци за тимот на регрутација пред секое интервју, прибавуваме значајни информации преку фидбек прашалник за искуството на самите кандидати и нивните впечатоци за целокупниот процес (end-to-end) и компанијата.

Сѐ уште постојат процеси во кои гледаме голем потенцијал за имплементирање на напредни практики од оваа област, имаме желба и амбиција да бидеме иноватори на промени и да бидеме инспирирани од тоа дека А1 Македонија како работодавач постојано охрабрува и создава различни А1 приказни.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Мојот прв месец во А1
Archives for dragana

Мојот прв месец во А1

Овој месец, нашиот драг колега Васко Спанџов, реши да ги сподели своите први впечатоци од атмосферата во А1 Македонија. Прочитајте повеќе за неговото ново патување и за културата на раст и развој, којашто е присутна во нашата компанија.

Твојот прв ден во А1….

Мојот прв ден во А1 беше првиот ден од мојот нов предизвик, во нова средина, со нови задачи.
Возбудата беше присутна како позитивна трема.

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Се повеќе и повеќе културата на работењето се издигнува на повисоки нивоа. Позитивно сум изненаден од начинот на функционирање и начинот на работа, кои секој ден ми оставаат длабоки впечатоци.

Веќе 1 месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпоративната култура?

Успешно се вклопувам во тимот, ги надоградувам моите вештини со кои подобро ги извршувам работните задачи, а високоразвиената корпорациска култура е веќе дел и од моето секојдневие.

Се надевам дека мојата работа во А1 и понатаму ќе остане патување во кое сите ќе ги запознаам подобро и ќе продолжам да се вклопувам во работните задачи и начинот на работење.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Групен експертски менторинг (Group Expert Mentoring)
Archives for dragana

Групен експертски менторинг (Group Expert Mentoring)

Учењето во А1 Македонија е континуирано патување. Нашиот A1 Future Hub е дизајниран за сите колеги да можат да постигнат професионален и личен развој. Во рамките на A1 Future Hub се вклучени формални обуки кои се фокусираат на менаџерски и дигитални вештини, неопходни за агилноста на компанијата, но, вклучен е и неформален дел, чиј фокус е социјалното учење и споделување на клучните стручни знаења од нашите експерти.

Што претставува GEM?

Токму ова е GEM или Group Expert Mentoring, програма преку која нашите колеги ја имаат можноста да учат од ментори – експерти, пред се, на теми од областа на Digital future skills. Овие менторски сесии таргетираат клучен аспект од учењето во компанијата, а тоа е размената на знаења, експертиза и искуства помеѓу колегите и примена на ова колективно знаење во секојдневното работење.

Зошто го правиме ова?

Од експертско знаење до споделување на tips & tricks за поефикасно работење со различни технологии и алатки, овој начин на учење има огромен број на предности. Не само што го задржуваме колективното знаење во компанијата, туку и поттикнуваме развивање на нови вештини, охрабруваме отворена комуникација, споделуваме знаења и, најважно од се, соработка помеѓу колегите.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Гласот на вработените
Archives for dragana

Гласот на вработените

Гласот на колегите е есенцијален во А1 Македонија. Токму затоа, на секои две години се спроведува A1 Voices, истражувањe коe има цел да ги истакнe нашите силни страни, но и да ги пронајдe оние области кои треба да се подобрат. Секако, со помош на сите вработени се дефинираат и конкретните понатамошни чекори и се прави план како да се имплементираат потребните промени. Истражувањето е потполно доверливо и го спроведува независна компанија, за да се обезбеди објективност во текот на целиот процес. Транспарентноста е клучна во поглед на ова истражување и резултатите се споделуваат со сите колеги.

Како го спроведуваме истражувањето?

Во текот на есента, се спроведува прашалник до сите колеги на групациско ниво и се собираат сите релевантни информации. На основа на резултатите, сите менаџери имаат задача да ги обзнаат и анализираат овие податоци со своите тимови. Врз основа на резултатите и разговорите со менаџерите, заедно со сите членови на тимот треба да предложат мерки за подобрување кои ќе произлезат од секој оддел засебно. Предложените мерки се собираат и понатаму секој менаџер го дефинира начинот и динамиката на имплементација на мерките со својот тим.

Зошто е ова важно?

Задоволството на вработените е круцијално за бизнисот. Во А1 Македонија целиме кон тоа да станеме #FutureProof компанија и затоа ставаме акцент на идентификација и имплементација на потребните чекори за раст и развој на индивидуално, тимско и организациско ниво. Ги користиме податоците, за да добиеме појасна слика за тоа каде сме се подобриле, кои се новите прашања што се отвараат и каде постои простор за нови идеи. Освен тоа, дознаваме каде постои потреба за помали, но и поголеми промени. Сакаме заедно да го употребиме нашиот колективен потенцијал и да дојдеме до следниот чекор во поглед на одржлива, прогресивна и, најважно, пријатна работна средина.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Мојот прв месец во А1
Archives for dragana

Мојот прв месец во А1

И овој месец продолжуваме со споделување на првите впечатоци од страна на нашите нови колеги. Овој пат Ивана Петровска, како нов член на Controlling тимот, ни ја долови пријателската атмосфера којашто е присутна помеѓу колегите, а воедно и начинот на којшто ја пречекаа во тимот и секако огромниот број на можности за раст и развој кои ги уживаат сите членови на А1 семејството.

Твојот прв ден во А1….

Првиот работен ден во А1 беше целосно во склад со моите очекувања. Се состоеше од запознавање на моите нови колеги, членовите на Контролинг тимот и пиење заеднично утринско кафе во кантината.

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Најголемиот и најдобар впечаток ми остави самата енергија којашто владее во тимот, тимскиот дух, соработката како и позитивниот и отворен пристап на нашиот менаџер.
Воедно, позитивно бев изненадена од бенефитите и поволностите кои А1 како компанија ги нуди на своите вработени.

Веќе 1 месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпоративната култура?

Во контролинг тимот владее многу пријатна, тимска и пријателска атмосфера, а тоа во голема мера ми помогна моето вклопување во тимот да биде многу лесно и пријатно, а секој нов ден е континуирано учење на нови работи, и заедно со мојот working buddy континуирано работиме на моја обука и на работните задачи.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
Новите дигитални ѕвезди успешно се лансираа во А1!
Archives for dragana

Новите дигитални ѕвезди успешно се лансираа во А1!


Веќе втора година по ред А1 Македонија продолжува со практикантска програма A1 WayUp. Ова специјално креирана практикантска програма на младите таленти им нуди практична работа, учење и постојана менторска поддршка. Учесниците имаат можност да работат со врвни експерти од областа на анализа на податоци, вештачка интелигенција, развој на продукти, развој на ИТ решенија, оптички и 5G мрежи, да работат на реални проекти и да користат најсовремени дигитални алатки за работа.

A1 WayUp е програма која е посебна на безброј начини. Еден од нив е практичното учење и стекнување на нови вештини, кое секако е дел од кариерниот пат на секој еден член на А1 тимот и кое без сомнеж придонесува кон непрекинат професионален развој настрана од формалното учење. Она што најмногу ја издвојува оваа практикантска програма е тоа што почнува и завршува со однапред внимателно испланиран менторски план, но и детален развоен едукативен план, со цел практикантите да бележат раст во своите знаења и вештини и да го градат својот кариерен пат во меѓународна компанија како што е А1.

Сите кои се дел од втората генерација на A1 WayUp ги добиваат сите постоечки бенефити и погодности како и секој еден вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.

“А1 Македонија е компанија која е целосно фокусирана кон развој на своите вработени, па со тоа нуди и можност за раст и учење преку формални, неформални обуки и преку разни менторски програми. Со програмата A1 WayUp ги отворивме вратите на младите таленти и им нудиме кариерен пат и усовршување на вештините на иднината“, истакна Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси.

Вкупно 15 учесници кои се на крај од своите студии или кои ги завршиле го започнаа своето лансирање помеѓу дигиталните ѕвезди во А1 и започнаа да го градат својот кариерен пат. А1 Македонија на сите кои се дел од програмата A1 WayUp им посака топло добредојде, многу нови знаења, вештини и успешни проекти.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции
HR кафе со новите А1 колеги
Archives for dragana

HR кафе со новите А1 колеги


Иновации и новитети се секојдневие во А1 Македонија, особено во рамки на HR одделот. Главните цели коишто ги имаме се, секако, оддавање на признание и вреднување на постоечките колеги, но и градење на релации со новодојдените и поддршка при запознавањето со новата работна околина.

За таа цел, секој месец пиеме кафе со новите колеги и нивните ментори каде тие преку неформална средба имаат можност да се запознаат меѓусебно во опуштена атмосфера, да ги споделат првите впечатоци, но и да постават прашања кон нивните менаџери коишто исто така присуствуваат на овие средби.

Ни причинува задоволство што со оваа убава практика на колективно запознавање им го олеснуваме почетокот на новите колеги, ги запознаваме со нашата корпоративна култура и уште еднаш докажуваме што значи да бидат дел од А1 тимот.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции