
Го споделуваме искуството на нашите A1 WayUp практиканти, кои својата кариера ја започнаа со работа на реални проекти заедно со искусните тимови во А1 од кои добија целосна поддршка во усовршувањето на своите знаења и можност да стекнат нови вештини.
🚀 Лансирај се и ти меѓу дигиталните ѕвезди со програмата А1 WayUp и биди дел од третата генерација!
📣 Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.
Не чекај, аплицирај веднаш на следниот линк:
👉 https://lnkd.in/dJnAUR5P
🔔 Повикот е отворен до 12.07.2023
A1WayUp #A1Makedonija

Стефани Грбева е само една од задоволните учесници од втората WayUp генерација, ни раскажа за своето искуство и првите впечатоци од програмата. Својот кариерен пат го започна како практикант, а сега е Помлад администратор за база на податоци.
Како дозна за А1 WayUp програмата?
За А1 WayUp дознав на социјалните мрежи сосема случајно. Ја разгледав самата програма,потоа аплицирав на позицијата која што одговара на моите предиспозиции и преференции за работа. Мило ми е што станав дел од тимот на А1.
Зошто го одбра А1 и што те привлече да се пријавиш на конкурсот за A1 WayUp?
А1 го одбрав затоа штo ми беше предизвик работа во голема компанија. Ме привлече самиот начин на кој што е организирана програмата и можностите кој беа понудени од страна на самата пракса. Среќна сум бидејќи оваа компанија е појдовна точка за мојата кариера и која што за краток период ми овозможи да стекнам знаење и вештини кој што ми помагаат во секојдневните работни задачи.
Дали можеш да го споделиш твоето искуство за програмата A1 WayUp?
Моето искуство за А1 WauUp e повеќе од позитивно бидејќи добив шанса да работам во многу динамична средина исполнета со многу предизвици. Опкружена сум со луѓе кои се експерти во својата област, имам можност да научам и да се усовршувам во најсовремените технологиии.

🏆 Шампионски викенд за А1 Македонија! 🏆
На годинешниот Mavrovo Maximum Adventure, тимот на А1 го покажа својот победнички дух и од вкупно 6 категории во машка и женска конкуренција издвои:
🥇место Планински велосипедизам жени – Ивана Тодоровска
🥇место Планински велосипедизам мажи – Коста Гебелешев
🥈место Планинско трчање жени – Бојана Наумовска
🥉место Планинско трчање мажи – Блаже Цоневски
🥈место Стреличарство – Ангела Ѓорѓеска
🥇место Prove your fitness – Ивана Тодоровска, Бојана Наумовска и Блаже Цоневски
🥇место екипно за тимот на А1

👏🏻Честитки и благодарност за А1 тимот што учествуваше и вложи свој придонес за заедничкиот успех. Горди сме што сте дел од нашето А1 Семејство!
A1Team #A1Makedonija #MMA23

Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината!
А1 Македонија и оваа година, трет пат по ред ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp. Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.
Практикантите од A1 WayUp имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со искусните тимови во А1 од кои добиваат целосна поддршка во усовршувањето на своите знаења и можност да стекнат нови вештини.
“Ги отвораме вратите на нова генерација млади за да им понудиме можност за почеток на нивната кариера. Нашата цел е да им пружиме богато работно искуство преку експертизата на ИТ професионалците во А1 Македонија и А1 Телеком Австрија Групацијата во најатрактивните области во дигиталниот свет. Горди сме на нашите практиканти од минатите години кои сега се веќе дел од нашиот А1 тим и оттука и оваа година очекуваме голем интерес од страна на дипломците и успешна реализација на програмата во овој циклус”, изјави Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата.
Периодот за аплицирање започнува од 12 јуни и трае до 12 јули 2023 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’23.

Нашата компанија доби награда за проектот “А1 Аcademy“!
Нашата компанија доби награда за проектот “А1 Аcademy” преку кој повеќе од 100 млади лица од 18 до 25 години се стекнаа со дигитални вештини на модерни и актуелни теми како што се: Digital Marketing, Business Analytics и Digital Entrepreneurship.

Горди сме на успешната реализација на сите три модула, а овие резултати се само уште еден мотив да продолжиме со активностите во спроведување општествено-одржливи проекти.

Мојот прв месец во А1
Горди сме кога нашите колеги сакаат да ги споделуваат своите први впечатоци во А1 Македонија. Овој месец, разговараме со нашата колешка Катерина Антевска, менаџер за продажба која ни ги раскажа своите први впечатоци за новото работно место.
Твојот прв ден во А1…
Возбудена бидејќи почнувам ново поглавје во професионална смисла и почнувам со работа која отсекогаш сум ја сакала, во која се пронаоѓам, која одговара на мојот карактер и темперамент. Иако се’ ми беше ново – колегите, просторот, работата, сепак немав сомнеж или колебање, веднаш се почуствував како дел од тимот. Сите колеги срдечно ме прифатија и веднаш знаев дека пред мене се уште поголеми успеси во А1.
Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?
Најсилните впечатоци ми оставија работната атмосфера, организараноста на компанијата која мисли на сите потреби на колегите, и почитувањето на посебноста на секоја индивидуа.
Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура?
Можам да кажам дека одлично се вклопив во А1 тимот. Колегите се тука да ми објаснат се’ што е потребно, веќе активно учествувам и на состаноци и едвај чекам да го заокружам процесот на обука за и јас самостојно да ги извршувам обврските и со задоволство да донесам нови корисници во А1. Обуките се одлично конципирани и овозможуваат брзо да се совлада проблематиката.

А1 Македонија доби признание „Најдобра HR практика за 2022 година“ од страна на 24HR
А1 Македонија е добитник на годинешната награда „Најдобра HR практика за 2022 година“ која за првпат ја доделува 24HR на компании кои направиле особен придонес во сферата на човечките ресурси.
Годинешната награда оди во рацете на А1 Македонија како резултат на многубројните заложби, иницијативи и активности кои компанијата ги применува за градње и промовирање на добро работно место.
Најголема заслуга за добивањето на ова признание му припаѓа на A1 HR блогот кој служи како еден вид на медиум помеѓу А1 Македонија како работодавач и потенцијалните кандидати кои се заинтересирани да дознаат повеќе за светот на А1.
„А1 Македонија е секогаш предводник во поглед на начинот на управување со човечките ресурси. Со A1 HR блогот создадовме еден вид на дигитална средина каде што ги промовираме успесите на нашите вработени, иницијативите кои ги преземаме за нивна благосостојба и задоволство и бенефитите кои ги добиваат како дел од големото семејство на А1 Македонија“, изјави Стефан Јовановски, Раководител на сектор за човечки ресурси во А1 Македонија.
Признанието е резултат на многубројните заложби, иницијативи и активности кои А1 Македонија како работодавач ги применува за градење и промовирање на добро работно место.

„А1 Македонија е една од ретките компании во Македонија која активно работи на градење, унапредување и промовирање на своите човечки ресурси, а нивните практики служат како инспирација за многу други компании да се замислат и да започнат посериозен пристап во процесот на управување со човечките ресурси“, изјави Стојанче Младеновски, основач на порталот 24HR.


Мојот прв месец во А1
Горди сме кога нашите колеги сакаат да ги споделуваат своите први впечатоци во А1 Македонија. Овој месец, разговараме со нашиот колега Стефан Младеновски, помлад агент за техничка поддршка во контакт центар кој ни ја доловува новата работна средина и периодот на адаптација на своето работно место.
Твојот прв ден во А1…
Мојот прв ден во А1 го поминав слушајќи ги колегите како примаат повици од корисници, анализирав што прават и како работат со цел да соберам што повеќе информации за тоа како да станам успешен агент и да можам да придонесам во пружањето премиум корисничко искуство.
Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?
Најмногу впечаток ми остави професионалноста на колегите, нивните способности да одговорат на секое прашање и да го решат секој проблем со кој се соочуваат корисниците и самата посветеност кон истите.
Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура?
Со помош на тимот се вклопив многу брзо во самата средина, ги совладав моите задачи и веќе можам самостојно да работам, да примам повици и да одговарам на дилемите на корисниците иако имам уште многу за учење и за усовршување. Сепак, А1 е компанија која нуди постојан раст и развој, па затоа не се сомневам дека за многу кратко време уште повеќе ќе се надоградам во својата работа.