
Мојот прв месец во А1
Како и секој месец, сакаме да ги споделиме првите впечатоци на нашите драги колеги и да слушнеме за нивното искуство како дел од нашиот тим. Симона Туфегџиќ, како нов член на Одделот за Корпоративни комуникации, зборува за чувството на припадност во една компанија, како и за модерните алатки кои секојдневно и го олеснуваат вршењето на работните задачи и и помагаат да биде во тек со сите трендови и новости и истите да ги примени во своето работење.
Твојот прв ден во А1….
Сликата за А1 како модерна и современа компанија ми се потврди уште од моето прво влегување во зградата, бидејќи се работи за уникатно место каде се среќаваат агилноста и професионалноста, кое во потполност се преклопи со мојот карактер. Зачекорив во едно модерно, урбано и пријатно место за работа кое се движи паралелно со сите светски трендови.
Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?
Напредните алатки за работа и целокупната технологија, како и бројните бенефити и флексибилноста на компанијата секојдневно ми ја олеснуваат работата, но и секојдневието. Иновативноста и креативноста, пак, се на исклучително високо ниво, особено во мојот оддел. Иновациите поттикнуваат креативни решенија и идеи, кои во склад со компанијата се исполнети со живот и за мене тоа претставува огромен поттик во работењето и желба за поголем придонес.
Веќе 1 месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпоративната култура?
Впечатокот за компанијата како поле за мој непрекинат раст, развој и напредок се потврдува и бргу по почетокот се почувствував како тука да припаѓам. Тимот за Корпоративни комуникации несомнено е една од најдинамичните средини која во чекор ја следи динамиката на самата компанија, но и на светот на телекомуникациите, а со тоа доаѓа и разноликоста на работата.