
Мојот прв месец во А1
Горди сме кога нашите колеги сакаат да ги споделуваат своите први впечатоци во А1 Македонија. Овој месец, разговараме со нашиот колега Стефан Младеновски, помлад агент за техничка поддршка во контакт центар кој ни ја доловува новата работна средина и периодот на адаптација на своето работно место.
Твојот прв ден во А1…
Мојот прв ден во А1 го поминав слушајќи ги колегите како примаат повици од корисници, анализирав што прават и како работат со цел да соберам што повеќе информации за тоа како да станам успешен агент и да можам да придонесам во пружањето премиум корисничко искуство.
Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?
Најмногу впечаток ми остави професионалноста на колегите, нивните способности да одговорат на секое прашање и да го решат секој проблем со кој се соочуваат корисниците и самата посветеност кон истите.
Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура?
Со помош на тимот се вклопив многу брзо во самата средина, ги совладав моите задачи и веќе можам самостојно да работам, да примам повици и да одговарам на дилемите на корисниците иако имам уште многу за учење и за усовршување. Сепак, А1 е компанија која нуди постојан раст и развој, па затоа не се сомневам дека за многу кратко време уште повеќе ќе се надоградам во својата работа.