А1 Македонија и Brainster заедно во потрага по таленти

Започна соработката на А1 Македонија и Brainster, која нуди иновативен пристап во процесот на селекција и регрутација на млади таленти.

Соработка што е целосно фокусирана кон младите и нивниот кариерен пат

Започна соработката на А1 Македонија и Brainster, која нуди иновативен пристап во процесот на селекција и регрутација на млади таленти. Посетителите на обуките и на академиите на Brainster добиваат уникатна можност да влезат во процесот на селекција и регрутација на А1 Македонија, да ги покажат своите стекнати вештини на практичен начин и сето тоа преку работа на реални проекти.

Создај искуство што сакаш да го живееш

Да се биде практикант е одличен почеток за сите оние што сакаат нови искуства и знаења. А1 Македонија секогаш ги отвора вратите за оние што сакаат да го градат својот кариерен пат правилно, чекор по чекор. Само во 2020-та година, повеќе од 45 млади таленти што започнаа како практиканти направија чекор во својата кариера и официјално станаа вработени и дел од големото семејство на А1 Македонија.

За искуствата и за можностите на младите таленти во А1 Македонија разговараме со Маја Анчевска, експерт за човечки ресурси

А1 ја сочинуваат млади, амбициозни, високообразовани и професионални кадри посветени на креирање иновативни решенија за корисниците. Вработените се во центарот на нашиот динамичен бизнис и ние ја црпиме нашата конкурентна предност пред другите, од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на нашите вработени кон нашите клиенти. Затоа, на нашите вработени им даваме можност за постојан раст и развој, преку формални и неформални обуки, како и други алатки за напредување. Како член на Групацијата Телеком Австрија, на нашите вработени им нудиме можност да работат во меѓународна средина и да разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со своите колеги во Групацијата.

Како да успеете?

Бидете проактивни и направете работите да се случуваат. Вашата желба за учење е првиот чекор во изградба на кариерен пат.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции