Home » Придобивки

Забавна работа со сериозни придобивки

о А1 Македонија сакаме да бидете свои и автентични на работното место! Затоа сме сериозни во врска со придобивките.

A1 Пакет за добредојде

Сите колеги во A1 добиваат пакет за добредојде на нивниот прв ден на работа кој ја вклучува целата потребна опрема и алатки за полесно интегрирање во компанијата. Лаптоп, ранец како и нов мобилен телефон со бесплатна телефонска сметка и интернет.

A1 Flexi

Не секој од нас има еднакви патерни на однесување и потреби. Многу аспекти на нашите лични животи може да се во судир со стандардните часови од девет до пет, од понеделник до петок. Независно од причината, ние во А1 Македонија обезбедуваме флексибилен распоред, програма за Flexi Time&Place, позната како A1 Flexi.

Програма за ментално здравје

Со програмата насочена за јакнење на нашето емоционално и социјално здравје “Together with you talks”, практикуваме совесност која ни помага да станеме подобра верзија од себеси. Тоа ни овозможува да бидеме посвесни за важноста на сегашноста наспроти минатото или иднината.

Програма за менторство

Самоуправувана програма водена од лице кое се обучува од страна на ментор, со цел да се искористат вештините, постоечкото знаење и искуството на вработените од раководството или оние со поголеми постигнувања. Нашите ментори несебично ги пренесуваат и споделуваат своите искуства и вештини на понови или помалку искусни вработени со цел да се унапредат нивните кариери.

Управување со учинок

За успешно да ги постигнеме нашите стратегиски цели, суштински важно е да сме насочени кон иднината. Проективниот пристап кон учењето, стекнувањето нови вештини и компетенции се клучни за нашиот личен развој. Колегите во А1 се охрабрени да стекнуваат ново знаење, да можат критички да ги согледуваат своите тековни компетенции и да разберат кои идни вештини се потребни за успешно постигнување на нивните цели.

Програма “Friday for me”

Програмата “Friday for me” е посветена на сите колеги од А1, помагајќи им во справувањето со различни теми кои се поврзани со рамнотежата помеѓу работата и животот: здрав живот, исхрана, физичка активност и родителство.

A1 Future Hub

Интегрирана програма за надградба на вештини која на сите наши колеги им дава можност да се надградуваат во три клучни столбови, вклучително Лидери за иднината (Leaders for the future), Иднината и дигиталните вештини (Future and Digital Skills) и Клучни експертски знаења (Expert Essentials).

E-кампус

Во A1 Македонија, постојано го поттикнуваме развојот на нашите колеги и ставаме акцент на стекнувањето ново знаење. Во дигиталната платформа за учење, колегите наоѓаат различна професионална содржина со која можат да ги надградат своите дигитални компетенции и разбирање на различни области од дејноста.

Модерни простории

Модерните простории на A1 Македонија се дефинирани од луѓето и културата на А1. Тие ја претставуваат нашата култура како променлива и флексибилна, со акцент на отвореност и транспарентна комуникација.

A1 Кафетерија

Совршена просторија за пауза за кафе и појадок во дружба со своите колеги без да се напушти своето работно место.

Програма за попусти на вработените

Оваа програма нуди богато портфолио на производи или услуги за нашите колеги со компаниски попусти.

А1 спортски дух

Спортски ентузијасти, забавни тркачи или можеби навивачи, се добредојдени да го поддржат нашиот феноменален А1 тркачки и скијачки тим.

Внатрешен паркинг за велосипеди

Здраво љубители на велосипедизмот! Секој знае колку непријатно може да биде паркирањето на велосипед на отворен простор, затоа уживајте во нашите безбедни простории за паркирање на велосипеди кои се лоцирани во внатрешноста на управната зграда во близина на главниот влез во подземната гаража.

Летечки дадилки (Flying nannies)

Повеќе од 100 А1 деца имаат можност да го поминат своето слободно време учејќи нови вештини за време на распустот.

Ден на A1 Децата

Еднаш годишно, ги отвораме вратите на најмладите членови на А1 семејството кои имаат можност да учат нови работи на забавен и креативен начин и одблизу да се запознаат со работните места на своите родители.