Оствари ја твојата кариера
во А1 Македонија
Дали би сакал да нурнеш во нашиот нов дигитален свет како експерт за маркетинг автоматизација? Или можеби да предводиш цели тимови кон успех? Или дали изнаоѓањето на најдобри решенија за корисниците звучи поинтересно? Што мислиш за стекнување на првото работно искуство како практикант или студент? Сето тоа, а и повеќе, е можно во A1.
Сакаш да ја изградиш твојата кариера? Дојде на вистинското место!
“Создади искуство кое ТИ сакаш да го живееш”, можеби овде кај нас има позиција на која што ти припаѓаш.
Негуваме семејни вредности
Тука не си само вработен – ти си нечиј партнер, родител, дете. Го разбираме тоа и ја поддржуваме секоја твоја улога.
Дознај повеќе
Работа преку граници — едноставно така работиме.
Во A1, ќе имаш можност да соработуваш со тимови од различни пазари, да споделуваш идеи надвор од силосите и да растеш преку различни перспективи. Една Групација. Многу перспективи. Вистинско влијание.
Дознај повеќеА1 Центар за учење
Зад секоја идна вештина што треба да ја стекнеме, стои тим што истата ја обезбедува. A1 Центарот за учење те поврзува со обуки на ниво на Групацијата, развојни програми, менторство и дигитални алатки за учење — сè на едно место.
Дознај повеќе
A1 Пакет за добредојде
A1 Flexy
Програма за ментално здравје
Управување со учинок
А1 Развој и кариера
24/7 платформа за учење
А1 Кафетерија
Компаниски попусти за вработени
А1 Спортски дух и тимски настани
Внатрешен паркинг за велосипеди
Приватно здравствено осигурување
Службени мобилни телефони и за приватна употреба
Практикантска програма на А1
Започни ја твојата кариера со возбудлива платена пракса во A1 Македонија! Ќе работиш на предизвикувачки и креативни проекти во пријателска и флексибилна средина. Нашите ментори ќе ти обезбедат стручна обука и бесценети искуства. Започни ја твојата кариера најдобро што може и стреми се да станеш лидер на иднината! Нашата сила лежи во нашите разлики
Нашата сила лежи во нашите разлики
Креираме работи и планираме да продолжиме со негување на најдобри практики за кои веруваме дека ќе ни помогнат да ги привлечеме најдобрите таленти и да изградиме различни тимови кои водат кон успех.
Како вработуваме во А1 Македонија.
Транспарентноста во секоја фаза од процесот на селекција и вработување е приоритет на А1 Македонија. Негуваме искрен однос со нашите кандидати и врвното корисничко искуство ни е на прво место.
Контактирајте со Maja, нашето лице кое е одговорно за процесот на селекција и вработување.
Маја е нашиот регрутер и со нетрпение очекува да научи нешто повеќе за тебе и твојот интерес да се придружиш на нашиот тим.
1. Проучете ја Вашата биографија и бидете запознаени со сите податоци
Обидете се да ги запомните Вашите вештини и постигнувања
2. Дознајте повеќе информации за компанијата и работната позиција за која аплицирате
Подгответе се и ќе имате можност да оставите многу подобар впечаток кај регрутерите кои се задолжени за вработување.
3. Облечете се за да импресионирате (но не премногу)
Подготовката за кое било интервју за работа ќе Ви помогне да се чувствувате уверено и ќе ја покаже Вашата посветеност на позицијата, а тоа е показател дека многу сериозно го сфаќате целиот процес. Бидете најдобра верзија од себе!
5. Внимавајте на јазикот на телото
„Постапките зборуваат погласно од зборовите“.
6. Покажете што знаете
Истакнете ги Вашите квалификации и вештини и дајте ни најдобра претстава за тоа колку сте подготвени за оваа улога.
7. Завршете убедливо, поставувајќи неколку свои прашања на лицето кое е одговорно за вработување
Убедливиот крај е многу важен. Како што велат, важно е да се остави траен впечаток, особено за време на интервјуата за работа. Еден начин да се стори ова е да се постават проникливи прашања на регрутерот или раководителот за вработување.
8. Пред да го напуштите интервјуто прашајте за следните чекори
Прашајте го лицето кое го врши интервјуто што е следно, за однапред да имате јасна претстава за понатамошните чекори.
А1 е место каде што чувствуваш дека твојот придонес е важен, а тоа те мотивира секој ден.
Она што ме држи тука е можноста да бидам дел од влијателни проекти, опкружен со луѓе кои се поддржувачки, мотивирани и отворени. А1 е место каде што чувствувате дека вашиот придонес е важен, а тоа ме мотивира секој ден.
Инженер, А1 Бугарија LinkedIn
Зошто да се придружите? Бројот на различни бенефиции е огромен, а најмногу ми се допаѓа флексибилноста, како и можностите за учење. Ова ми овозможува да растам на начин прилагоден за семејството.
People Sustainability Lead, A1 Group LinkedIn
Работа на иновативни проекти со колеги од различни тимови, гледање како нашите идеи оживуваат и чувство на гордост кога тие прават вистинска разлика за нашите клиенти – затоа сум тука и зошто некој треба да ни се придружи.
Подготвен за предизвик?
Започни ги твоите први чекори со нас.
Стратегија и култура – рака под рака
Силни заедно, дури и кога времињата стануваат тешки
Растот се случува секој пат кога ќе го надминеме тоа што бевме вчера.