Кога можноста се пресретнува со одговорноста
Во А1, веруваме дека растот треба да биде личен, а не наложувачки. Затоа ти ги даваме алатките, поддршката и слободата да ја обликуваш сопствената кариера – преку улогите, тимовите или интернационалните можности. Бидејќи најзначајниот раст се случува кога ти самоуверено го прифаќаш истиот.
Самоуверено прифаќање на твоето патување.
Твојата работа во A1 не е само работа – тоа е шанса да создаваш, инспирираш и оставиш белег. Имаш слобода да ја обликуваш твојата секојдневна работа.
Учење секој ден
Пристапи до врвни платформи за учење, вклучи се во мултифункционални проекти и истражувај програми за развој. Ние ги обезбедуваме ресурсите, ти ја носиш страста.
Промена
Испробај се во нови улоги, тимови, па дури и земји. Без разлика дали сонуваш за лидерство или надградување на твојата експертиза – ќе најдеш можности во A1 – од тебе зависи дали ќе ги искористиш.
Растот се случува секој пат кога ќе го надминеме тоа што бевме вчера. – Биди најдобрата верзија од себе си
Ова се нештата на кои сме горди – придобивките, програмите и можностите кои покажуваат дека растот во А1 е многу повеќе од зборови.
Индивидуален буџет за учење
Сите вработени кои прават промена на работното место во компанијата добиваат индивидуален буџет за учење од 1.000 евра достапен за индивидуално учење и развој.
A1 Центар за учење
(A1 Learning Hub)
Обуки на ниво на Групацијата, развојни програми, менторство и дигитални алатки за учење – сè на едно место. Затоа, во A1 ќе најдеш различни формати за учење – лесно можеш да го пронајдеш она што ти одговара и да истражуваш теми од твој интерес. Со гордост можеме да кажеме дека во 2024 година поминавме над 700.000 часа во учење.
Искуства преку експериментирање
(Experimentation Journey)
Во согласност со нашата целна слика за културата, нудиме можност да експериментираш со однесувањата во безбедна околина преку поддршка од искусни тренери, и веднаш да ја примениш промената што сакаш да ја видиш во твојата секојдневна работа.
Програма за поттикнување на потенцијалот
(Empowering Potentials Program – EPP)
Во A1 Групацијата, веруваме во поттикнување на нашите луѓе да растат, самоуверено да преземат одговорност и да ја обликуваат иднината. Еден начин на кој го правиме ова е преку Програмата за поттикнување на потенцијалот (EPP) – интернационално развојно искуство за вработени кои се подготвени да ја прошират нивната експертиза и лидерски вештини.
Работам во А1 веќе подолго време и направив неколку промени во кариерата. Добивате можност да работите во сосема нови области, да стекнете искуство и знаење во различни области и да запознаете нови колеги. Целосно го ценам тоа.
People Sustainability Lead, A1 Group LinkedIn
Мојата кариера е одличен пример за континуиран раст и промени. Поминав низ повеќе позиции во компанијата, и секоја од нив беше можност да се докажам и да се поттикнам да го дадам најдоброто од себе.
Набавки и логистика, А1 Бугарија LinkedIn
Имав неколку навистина добри шанси да напредувам во А1 – преку унапредувања и програми за развој. Она што ми се допаѓа е што не станува збор само за една насока, има обуки, различни проекти, па дури и можност за префрлање во други оддели. Ме тера да се чувствувам како да можам да продолжам да се развивам без да се заглавувам на едно место.
Управувај со твојата амбиција.
Дознај можности каде што твојот раст навистина може да биде видлив.
Тука ќе најдете грижа – грижа што ве поврзува вас, вашиот тим и светот околу вас.
Силни заедно, дури и кога времињата стануваат тешки
Стратегија и култура – рака под рака