Искуство што ја унапредува кариерата на нашите идни лидери

Во A1, веруваме во поттикнување на нашите луѓе да растат, самоуверено да преземат одговорност и да ја обликуваат иднината. Еден начин на кој го правиме ова е преку Програмата за поттикнување на потенцијалот (EPP) – интернационално развојно искуство за вработени кои се подготвени да ја прошират нивната експертиза и лидерски вештини.

Што е Програмата за поттикнување на потенцијалот?

Програмата за поттикнување на потенцијалот е 6-месечно искуство на комбинирано учење, достапно за сите амбициозни вработени од земјите каде што работи А1 и кои сакаат да се истакнат и да одат подалеку од својата улога. Избраните учесници работат во мали групи на стратешки релевантни проекти на А1 на различни теми. Во текот на целата програма, тие се водени од тренери, експерти за обука и носители на теми.

Како Програмата го поддржува развојот на вработените?

Покрај зајакнувањето на нивните лидерски вештини, продлабочувањето на експертизата на стратешките теми и проширувањето на својата интернационална мрежа на контакти, учесниците стекнуваат вредно искуство преку проекти од високо значење. Овие искуства ја зголемуваат нивната видливост во рамките на организацијата и им даваат самодоверба да го направат следниот чекор во нивната кариера.

Неодамна ја имав можноста да учествувам во Програмата за поттикнување на потенцијал (EPP) која за мене претставуваше едно преубаво искуство. Програмата ми овозможи да ги подобрам моите вештини, да откријам нови области на учење и да се поврзам со навистина инспиративни колеги низ целата компанија. Знаењето со кое се стекнав и релациите кои ги изградив во текот на програмата се навистина од голема вредност. Благодарна сум што бев дел од ваква приказна.

Ana Avramovska
Senior Project Manager
LinkedIn

Преглед на Програмата

Програмата за поттикнување на потенцијалот (EPP) комбинира учење, иновација и практична примена. Столбовите на искуството се:

1. Длабинско разбирање на стратегијата

Разговарање на клучни теми, разбирање на нашата стратегија и формирање проектни тимови.

2. Развој на проекти

Креирање идеи и решенија, експериментирање, дизајнирање и тестирање на прототипови за вистински деловни предизвици на нивните избрани теми.

3. Развој на лидерство

Разбирање и зајакнување на лидерството, подобрување на соработката и планирање на нивниот иден раст.

4. Презентирање на нивниот проект

Развивање вештини за раскажување, презентирање на опипливи резултати и решенија поткрепени со податоци пред стратешките лидери.

Подготвен си да го забрзаш твојот раст?

Започни го твоето искуство на учење со нас.


Растот се случува секој пат кога ќе го надминеме тоа што бевме вчера.



Тука ќе најдете грижа – грижа што ве поврзува вас, вашиот тим и светот околу вас.




Силни заедно, дури и кога времињата стануваат тешки