Искуства преку експериментирање
Во согласност со нашата целна слика за културата, нудиме можност да експериментираш со однесувањата во безбедна околина, поддржани од искусни тренери, за да можеш веднаш да ја практикуваш промената што сакаш да ја видиш во твојата секојдневна работа.
Замисли програма што ги трансформира секојдневните предизвици во можности за раст – без додавање дополнителни задачи на твојот обем на работа. Експерименталното искуство е интерактивно искуство на учење што те охрабрува да преземеш мали, практични чекори за да ја зголемиш твојата ефикасност, отпорност и соработка.
Со директно интегрирање на нови пристапи во твојата секојдневна работа, решаваш постојани професионални предизвици и градиш трајни навики додека се поврзуваш со охрабрувачка заедница од колеги и тренери. Ова разиграно и поттикнувачко искуство е достапно низ целата компанија за да ги оживее вредностите од културата на нашата компанија.
Оваа програма беше препознаена како една од 5-те најдобри практики за човечки ресурси на нашиот српски пазар, каде што беше презентирана на „HR Experience Conference“. Горди сме на нашите интерни тренери кои градат иновативен начин на размислување, даваат насоки и охрабруваат мали чекори кон големи промени.
“Experimentation Journey е програма што ги трансформира секојдневните предизвици во можности за раст. Експерименталното искуство е интерактивно искуство на учење што охрабрува превземање на мали, практични чекори за зголемување на ефикасноста, отпорноста и соработката.”
Подготвен за предизвик?
Направи го твојот прв чекор со нас.
Растот се случува секој пат кога ќе го надминеме тоа што бевме вчера.
Тука ќе најдете грижа – грижа што ве поврзува вас, вашиот тим и светот околу вас.
Силни заедно, дури и кога времињата стануваат тешки