A1 Macedonia | Sales
Telesales Account Manager
Одговорности
Управување со доделено портфолио на SOHO и мали деловни клиенти, со грижа за нивниот целосен животен циклус
Редовни проактивни повици и контакти со постоечките клиенти за одржување на односот и идентификување нови потреби
Градење долгорочни деловни односи и позиционирање како прв контакт и доверлив советник за клиентот
Активна продажба на мобилни, фиксни, интернет и ICT услуги преку телефон и дигитални канали
Up-sell и cross-sell на дополнителни услуги и пакети врз основа на профилот и потребите на клиентот
Конвертирање на влезни барања (inbound) и проактивно генерирање продажба преку излезни (outbound) кампањи
Исполнување на месечни и квартални продажни цели – приходи, обем, конверзија и стапка на задржување
Анализа на потребите на клиентот и предлагање соодветни решенија и комерцијални пакети
Подготовка и испраќање персонализирани понуди и проследување (follow-up) до затворање
Информирање на клиентите за нови услуги, промоции и можности за оптимизација на нивните трошоци
Ажурно и точно водење на сите активности, контакти и можности (opportunities) во CRM системот
Подготовка на потребна документација и обезбедување на исправно склучување на договори
Соработка со индиректните канали, техничка поддршка и останатите тимови во B2B организацијата
Враќање повратни информации од клиентите кон тимот за подобрување на понудата и процесите
Обезбедување висок стандард на услуга и задоволство во секоја интеракција
Намалување на одлив (churn) преку навремена грижа и проактивни мерки за задржување
Потребни квалификации
Одлични комуникациски и преговарачки вештини, со способност за градење однос со клиенти по телефон
Ориентираност кон резултати, само мотивираност и способност за работа со продажни цели и KPI
Активно познавање и работа со CRM алатки