A1 Macedonia | Sales
Team Lead – Telesales
Одговорности
Секојдневно организирање, координирање и приоритизирање на работата на тимот Telesales Account Managers
Распределба на портфолија, клиенти и задачи меѓу членовите на тимот според капацитет и потенцијал
Обезбедување јасни приоритети, насоки и поддршка во секојдневното извршување
Поставување, разложување и следење на тимските и индивидуалните продажни цели (KPI за приходи, обем, конверзија, задржување)
Дневно и неделно следење на резултатите наспроти целите и навремена интервенција кај отстапувања
Анализа на перформанси по агент и по сегмент, со изготвување извештаи за раководството
Предлагање и спроведување мерки за подобрување на продуктивноста и резултатите на тимот
Редовни 1-на-1 средби со членовите на тимот за следење на напредок и личен развој
Слушање и оценување на повици (call monitoring) со конкретни повратни информации
Идентификување на потреби за обука и развој на вештини за продажба, преговарање и грижа за клиенти
Оптимизирање на продажните процеси, скрипти и пристапот кон SOHO и малите деловни клиенти
Следење на задоволството на клиентите и преземање мерки за намалување на одлив (churn)
Ескалирање и решавање на покомплексни барања или поплаки од клиенти
Координација со индиректните канали, маркетинг и останатите тимови во B2B организацијата
Враќање структурирани повратни информации од терен за подобрување на понудата, процесите и алатките
Учество во проекти за развој и трансформација на B2B/Inside Sales организацијата
Обезбедување ажурно и точно водење на активностите на тимот во CRM системот
Потребни квалификации
Минимум 3 години искуство, од кои најмалку 1 година на раководна/тимлид позиција
Докажани резултати во остварување продажни цели и водење тим, со силни лидерски и coaching вештини
Способност за анализа на податоци, работа со CRM и извештајни алатки, и донесување одлуки базирани на факти
Проактивност, организираност и способност за работа под притисок во динамична средина