A1 Macedonia | Supply Chain & Logistic, Facility Management
Цело време
Канцеларија
Skopje
Датум на завршување: 07.12.2026.
Facility Management Specialist
Клучни одговорности
Управување со објекти
- Организирање и надзор на превентивно и корективно одржување на деловните објекти.
- Следење на состојбата на инфраструктурата, инсталациите и опремата.
- Координација на активности со надворешни изведувачи и добавувачи.
- Управување со буџетите за одржување и капитални инвестиции.
- Следење на законската усогласеност од областа на безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита и технички стандарди.
- Планирање на реновирања, адаптации и подобрувања на работните простории.
- Раководење со тимот за одржување и техничка поддршка.
- Поставување приоритети, работни задачи и следење на реализацијата.
Управување со возен парк
- Организација и контрола на користењето на службените возила.
- Следење на регистрација, осигурување, сервисирање и техничка исправност на возилата.
- Анализа и оптимизација на трошоците за гориво, одржување и управување со возниот парк.
- Координација со лизинг компании, осигурителни компании и сервисни центри.
- Следење на извештаи за користење на возила и управување со возачката документација.
- Развивање на процедури и стандарди за ефикасно управување со објекти и возен парк.
- Подготовка на извештаи, анализи и предлози за унапредување на процесите.
Потребни квалификации
- Високо образование (технички, машински, градежен, електротехнички или економски факултет).
- Минимум 5 години работно искуство во управување со објекти, техничко одржување и/или возен парк.
- Искуство во управување со буџети и добавувачи.
- Познавање на Microsoft Office и системи за управување со средства и одржување.