Офицер за правна усогласеност
Работни задачи и одговорности
Следење и имплементација на процесот за правна усогласеност
Следење и толкување на законските и подзаконските прописи
Утврдување на правните ризици на сите процеси, пронаоѓање на соодветни решенија за нивно митигирање и активно следење на нивна имплементација од другите оддели
Анализирање, изработување и ревидирање на сите видови правни акти со цел истите да биде усогласени согласно важечката регулатива
Подготовка на правни мислења и давање правни совети за потребите на другите оддели во друштвото
Поддршка на останатите оддели во делот на правна усогласеност
Вршење на обуки на вработените
Учествува во подготовка на разна документација
Контактира со трети лица/надлежни државни органи/судови/јавни институции и слично
По потреба го застапува друштвото како ополномоштен претставник во судски и други постапки
Да има познавање од законските и подзаконските прописи поврзани со процесите и услугите на друштвото
Извршува и други работни задачи од областа на правото и правните работи
Потребни квалификации
Правен факултет со положен правосуден испит
Работно искуство од минимум 10 години
Изразена иницијатива и проактивен пристап во работата
Напредни познавања на Microsoft Office апликации
Одлично познавање на англиски јазик