Business Transformation Intern

Активности
Поддршка при планирање и координирање на иницијативи за бизнис трансформација
Поддршка во собирање и организирање на податоци за основни анализи и истражувања
Поддршка при документирање на бизнис процеси и идентификување можности за оптимизација
Поддршка при подготовка на презентации, извештаи и проектна документација
Соработка со крос-функционални тимови за собирање информации и обезбедување усогласеност
Следење на проектни рокови и зададени задачи под водство на раководителот за бизнис трансформација

Потребни вештини
Тековни или завршени студии по Бизнис администрација, Финансии или слично
Интерес за учење за project management и бизнис трансформација 
Добри комуникациски и аналитички вештини 
Познавање на Microsoft Office пакетот (Excel, PowerPoint, Word)

Проекти
Учество во проекти кои се дел од стратешки компаниски програми кои имаат цел да ги подобрат бизнис процесите низ целата компанија. Ова вклучува анализирање и оптимизација на процеси, иницијативи за подобрување на корисничкото искуство и искуството на вработените, тестирање на процеси и проекти како и други иницијативи  фокусирани на оптимизација на целокупниот процес на менаџирање со портфолиото на продукти на компанијата.

Улога на тимот во А1 Македонија
Улогата на тимот е да направи детален план и да ги изврши сите поврзани проекти низ сите проектни фази се до завршување на проектот
 

A1 Macedonia |

Business Transformation Intern

Skopje

полно работно време