Corporate Communications Intern
Активности
Поддршка при планирање и имплементација на интерни и екстерни комуникациски кампањи
Креирање и уредување на содржини за внатрешни комуникации (интранет, билтени, е-пошта)
Асистенција во подготовка на соопштенија за медиуми, говори и други PR материјали
Поддршка при организирање на настани (прес-конференции, интерни прослави и настани)
Креирање содржини за социјалните мрежи на А1 Македонија (Linkedin/Instagram)
Координација со агенции и добавувачи за дизајн, видео продукција и печатени материјали
Подготовка и следење на интерна документација поврзана со активностите на одделот
Архивирање и документација на сите комуникациски активности
Потребни вештини
Одлични писмени и вербални комуникациски вештини на македонски и англиски јазик
Познавање на алатки како Microsoft Office, Canva, базичен Photoshop или други алатки за креирање содржини
Познавање на социјалните мрежи (Facebook, LinkedIn, Instagram, X)
Креативност, иницијативност и способност за работа во динамична околина и работа под притисок
Тимска работа и проактивен пристап
Проекти
Креирање на кампањи врзани за општествено одговорно работење и спонзорства
Подготовка на интерна кампања за вработени (корпоративна стратегија, корпоративна култура)
Реализирање на содржини за социјални медиуми.
Поддршка на организација на јавни настани (како дел од годишниот календар на одделот за корпоративни комуникации)
Предлози за активности поврзани за постојано подобрување на имиџот на брендот
Улога на тимот во А1 Македонија
Тимот за корпоративни комуникации има клучна улога во градење и одржување на позитивен имиџ и градење на репутацијата на компанијата пред јавноста, медиумите, вработените и останатите засегнати страни. Тимот работи на интерна и екстерна комуникација, кризна комуникација, одржливост, односи со медиуми и инфлуенсери и управување со репутацијата. Тимот има важна улога во транспарентноста, довербата и усогласеноста со корпоративните вредности на А1.