Home » Аплицирајте

Оствари ја твојата кариера во А1 Македонија

Дали би сакале да нурнете во нашиот нов дигитален свет како експерт за маркетинг автоматизација? Или можеби да бидете агилен раководител кој предводи цели тимови кон успех? Или дали изнаоѓањето на најдобри решенија за корисниците звучи поинтересно? Што мислите за стекнување на првото работно искуство како практикант или студент? Сето тоа, а и повеќе, е можно во A1.

Сакате да ја изградите Вашата кариера? Дојдовте на вистинското место!

“Создади искуство кое ТИ сакаш да го живееш”, можеби овде кај нас има позиција на која што ти припаѓаш.

Search

Придобивки и погодности

Секако, платата е мотивирачки фактор, сепак, ние во А1 Македонија знаеме дека надоместокот е многу повеќе од само плата и бонуси. Постојат голем број придобивки и погодности кои не прават поатрактивни од другите.

Практикантска програма на А1

Започнете ја Вашата кариера со возбудлива платена пракса во A1 Македонија! Ќе работите на предизвикувачки и креативни проекти во пријателска и флексибилна средина. Нашите ментори ќе Ви обезбедат стручна обука и бесценети искуства. Започнете ја кариерата најдобро што може и стремете се да станете лидер на иднината!

A1 HR Блог

А1 HR блог е место наменето за споделување на разни идеи, перспективи, проекти, искуства и признанија на вработените во А1. Ние сме посветен тим од областа на човечки ресурси, експерти на различни полиња, па оттука нашата визија е преку овој блог да дојдете до интересни откритија и совети, како е да се стане и биде дел од светот на А1 Македонија!

Нашата сила лежи во нашите разлики

Креираме работи и планираме да продожиме со негување на најдобри практики за кои веруваме дека ќе ни помогнат да ги привлечеме најдобрите таленти. Како природна последица на ваквите активности, веруваме дека ќе градиме различни тимови кои носат успеси.

Некои од тие работи вклучуваат:
– Примена на објективен и транспарентен процес на регрутација
– Пристапот „не е соодветен поради културата“ не е код за „не е како нас“ во процесот на селекција и вработување
– Тренинг програма за различност и инклузија
– Мерење на различноста на периодично ниво за да се види процесот на напредување
– Фокус во нашата култура во однос на прифатливо и неприфатливо однесување преку зборови и постапки

Како вработуваме во А1 Македонија.

Транспарентноста во секоја фаза од процесот на селекција и вработување е приоритет на А1 Македонија. Негуваме искрен однос со нашите кандидати и врвното корисничко искуство ни е на прво место.

Контактирајте со Maja, нашето лице кое е одговорно за процесот на селекција и вработување.

Маја е нашиот регрутер и со нетрпение очекува да научи нешто повеќе за Вас и Вашиот интерес да се придружите на нашиот тим.

Отворена апликација

Секогаш ни претставува задоволство да им посакаме добредојде на нови таленти во А1 Семејството. Доколку не можете да најдете соодветна отворена позиција за која би сакале да аплицирате, поднесете отворена апликација!