Home » Аплицирајте » A1 WayUp 2024

Лансирајте се меѓу дигиталните ѕвезди со А1 WayUp – Генерација 2024!

Млад ентузијаст? Љубопитен за нови практични искуства надвор од факултетското образование? Стани дел од новата генерација на програмата за професионален развој А1 WayUp. Лансирај ја сопствената кариера со најсовремените платформи за учење, искусен и посветен ментор и работа на вистински дигитални проекти.

Зошто треба да се пријавиш?

Платена практикантска програма во период од 6 (шест) месеци со сите бенефиции кoи ги имаат и вработените во А1.

Практично искуство на конкретни и реални проекти – тоа ти дава голема вредност и те прави чекор понапред од сите други.

Ќе добиеш цели, програма за обуки, јасен развоен план и поддршка од ментор.

Ќе бидеш дел од супернапредни процеси на дигитална трансформација, каде што исто така ќе имаш пристап до технологија за која другите тукушто слушнале дека постои.

Ќе бидеш дел од разни настани (и забави) во рамките на компанијата. Стануваш дел од големото А1 семејството.

Ќе имаш можност за учење од најдобрите експерти во рамките на А1 Групацијата.

За кого е програмата A1 WayUp?

За дипломирани студенти и за оние што завршиле факултет во последните 12 месеци. 
За повеќе детали за тоа што е потребно за секоја позиција кликни подолу и пријави се доколку тоа е твое поле на интерес.

Како изгледа програмата?

На почетокот, твојот фокус ќе биде на совладување формално знаење од подрачјата во кои ќе работиш (на пр. автоматизација, анализа на податоци, визуелизација на податоци, ИТ Инфраструктура, Бизнис Маркетинг, Технички сервиси и др.). Едукацијата се состои од формални обуки и практична работа на конкретни примери. Ќе стекнеш и дополнителни вештини; способност за презентирање и јавен настап, ефикасна комуникација и агилен начин на работа. За кратко време ќе ги надградиш твоите вештини и знаења на ниво 2.0!


Ќе работиш на проект дедициран од страна на твојот ментор. Тој/таа ќе ти обезбеди средина во која ќе работиш на задачи од кои директно ќе го учиш процесот и начинот на работа, како и примена на знаењето стекнато за време на обуките.
На почеток, ќе добиваш постојана поддршка од менторот, но како што поминува времето, ќе добиваш сè поголема независност и можност самиот да управуваш со своите проекти.

Како изгледа процесот на селекција и вработување?

1. Пријава
Подготви кратка биографија и пријави се за работа во посакуваното подрачје преку нашата кариерна страница најдоцна до 28.07.2024.

2.Претселекција
Поширока селекција на кандидати за кои веруваме дека би се вклопиле во потребите на отворените практикантски позиции.

3.Психолошко тестирање и тестирање на знаење за одредено подрачје
Со цел да утврдиме кое подрачје најмногу ќе ти одговара, ќе спроведеме тестирање на стручното знаење, како и дополнителни тестови за лични карактеристики.

4.Интервју
Тука сме да одговориме на сите твои прашања и со задоволство ја очекуваме нашата средба за да се запознаеме уште подобро.

…и WayUp!
Потпишуваме договор со најдобрите кандидати и на 01.10.2024 започнува нова страница од твојот живот. Се радуваме што ќе бидеме дел од твојата А1 приказна!