А1 Македонија доби признание „Најдобра HR практика за 2022 година“ од страна на 24HR
А1 Македонија е добитник на годинешната награда „Најдобра HR практика за 2022 година“ која за првпат ја доделува 24HR на компании кои направиле особен придонес во сферата на човечките ресурси.
Годинешната награда оди во рацете на А1 Македонија како резултат на многубројните заложби, иницијативи и активности кои компанијата ги применува за градње и промовирање на добро работно место.
Најголема заслуга за добивањето на ова признание му припаѓа на A1 HR блогот кој служи како еден вид на медиум помеѓу А1 Македонија како работодавач и потенцијалните кандидати кои се заинтересирани да дознаат повеќе за светот на А1.
„А1 Македонија е секогаш предводник во поглед на начинот на управување со човечките ресурси. Со A1 HR блогот создадовме еден вид на дигитална средина каде што ги промовираме успесите на нашите вработени, иницијативите кои ги преземаме за нивна благосостојба и задоволство и бенефитите кои ги добиваат како дел од големото семејство на А1 Македонија“, изјави Стефан Јовановски, Раководител на сектор за човечки ресурси во А1 Македонија.
Признанието е резултат на многубројните заложби, иницијативи и активности кои А1 Македонија како работодавач ги применува за градење и промовирање на добро работно место.
„А1 Македонија е една од ретките компании во Македонија која активно работи на градење, унапредување и промовирање на своите човечки ресурси, а нивните практики служат како инспирација за многу други компании да се замислат и да започнат посериозен пристап во процесот на управување со човечките ресурси“
,изјави Стојанче Младеновски, основач на порталот 24HR.