Зајакнување на дигиталниот живот
Ја унапредуваме дигитализацијата за полесен, попријатен и попродуктивен живот, заедно со нашиот А1 тим и нашите корисници. Ги користиме синергиите на нашиот интернационален тим за да ја следиме групациската стратегија „One to All“.
Тим, Доверба, Агилност
Сакаме да бидеме сигурен партнер за нашите корисници. Партнер кој ги нуди сите услуги и решенија од областа на дигиталната комуникација за полесен живот на нашите корисници.
Како планираме да го оствариме ова?
Преку нашите водечки принципи: Тим, Доверба, Агилност.
Страсно ги доживуваме овие принципи, во рамките на нашите тимови, како и на интернационално ниво. Веруваме дека понатамошниот развој, учењето на нови работи и учеството во работата зависи од сите нас.
Постојаното учење е наш двигател
Дигитализацијата води кон нови начини на работа и учење. Нашиот А1 Learning Hub има за цел да го олесни пристапот до знаење и учење. А1 се предводи од визијата дека реалното учење и промените се случуваат при работа, љубопитност и експериментирање. Дознај повеќе за А1 Learning Hub.
Овозможуваме добрите идеи да растат.
Креативните средини се извор за иновации. Нашите интерни програми обезбедуваат на можности за креирање нови идеи, кои подоцна се развиваат во крајни продукти кои може да се пласираат на пазарот. Нашата програма за Претприемништво наречена “Empowering Ideas”, на најдобрите тимови им дава можност да ја насочат целата своја енергија и знаења кон реализација на тие идеи за одреден временски период. Дознај повеќе за “Empowering Ideas” на А1.
Една компанија, еден Дух
Семејството на брендот A1 расте во Централна и Источна Европа. Ова значи дека соработката меѓу нашите оперативни пазари е сè поважна. Се спроведуваат многу проекти во согласност со принципот „One to all“, кои се инспирирани од локалните успеси во соодветни држави како дел од групацијата или како стратегии кои се создадени на корпоративно ниво.
А1 како општествено одговорна компанија
Ја движиме нашата стратегија „Зајакнување на дигиталниот живот“ еден чекор понатаму поврзувајќи ја со одржливи цели со кои сакаме да придонесеме за подобра иднина во областа на животната средина, општеството и управувањето (ESG). Како телекомуникациска компанија, имаме моќ да ги поврземе луѓето и да го направиме светот позелено место, но исто така ни треба многу енергија за да го сториме тоа. Со мерките за зголемување на ефикасноста, сакаме да станеме јаглерод-неутрална компанија (со нето-нула емисии на јаглерод диоксид) до 2030 година. Томас Арнолднер, Извршен директор на А1 Групацијата, појаснува каде ги гледаме и ги искористуваме нашите можности во видеото:
Движењето на дигитализацијата е наша општествена одговорност и длабоко вкоренето во нашите цели за животната средина, општеството и управувањето (ESG). Затоа сериозно го промовираме „A1 Интернет за сите“, каде што децата на училишна возраст, постарите лица или членовите на А1 семејството ги учиме за безбедно постапување со дигитални медиуми. Членовите на А1 Тимот се активно вклучени во овие работилници и претставуваат важен фактор во намалување на „дигиталниот јаз“.