Data Scientist (Intern)

Активности
Идентификување соодветни извори на податоци и автоматизација на процесот за нивно собирање и обработка
Креирање, обработка и одржување збирки на податоци со соодветна архитектура за обработка на структурирани и неструктурирани податоци
Анализа на комплексни податоци, со цел утврдување трендови или модели на однесување
Развој на модели за предвидување и алгоритми за машинско учење
Презентирање информации преку различни техники за визуализација на податоци
Автоматизација на процесите во одделот за кориснички услуги
Развој на нови методи и алгоритми за оптимизација на процесите и подобрување на корисничкото искуство.

Потребни вештини 
Способност да се идентификуваат и да се најдат решенија
Разбирање машинско учење и оперативно истражување
Основни познавања на Excel, SQL и Python
Основни познавања на алатки за обработка на податоци во делот на бизнис-интелигенција – PowerBi
Одлични комуникациски и презентациски вештини.

Проекти
Учество во Proactive Care проект во рамките на кориснички услуги – Customer Contact Analytics, Prediction models, CS Digitalization and Process automation.

Улога на тимот во А1 Македонија
Одделот за кориснички услуги е лицето на компанијата кон корисниците, каде што се работи на постојана поддршка на потребите и на очекувањата на корисниците со нови иновативни решенија насочени кон унапредување на корисничкото искуство. На тој начин се обработуваат широк спектар информации, со цел детектирање на потребите и на желбите на нашите корисници, како и изнаоѓање нови дигитални и иновативни решенија за поддршка во користењето на услугите од А1 Македонија. 


 

A1 Macedonia | Other

Data Scientist (Intern)

Skopje

полно работно време