Marketing Intern (Business Marketing)

Активности
Работи и им помага на продукт-менаџерите при развој на нови и управување со веќе постојните продукти
Ги надгледува постигнатите наспроти планираните вредности на клучните индикатори (KPIs) на продуктите и проактивно предлага мерки за нивно постигнување
Помага и подготвува месечни извештаи за продуктите со можност за нивно автоматизирање
Активна соработка со продажните канали 
Учествува во процесите за управување со животните циклуси на продуктите, ги анализира трендовите на пазарот и на конкуренцијата, проверки на профитабилноста и планирање на идните чекори за развој за продукти/услуги.

Потребни вештини
Започнати студии/образование во областа на компјутерски науки, економија/бизнис администрација, маркетинг или слични области
Основни познавања од телекомуникациски / ИКТ-услуги и управување во продукти 
Одлични комуникациски вештини и способност за градење професионални односи со колегите од засегнатите оддели
Силни аналитички вештини и критичко мислење
Позитивен став во работата, насочен кон пронаоѓање решенија
Способност за независна работа како и работа во тим
Проактивност и иницијативност за преземање нови предизвици во работата
Одлично познавање на Microsoft Office Suite (Word, Excel, Power Point). Познавањето на Power BI е предност
Одлично познавање на англискиот јазик.

Проекти
Проекти врзани со работењето на тимот за остварување на целите на компанијата.

Улога на тимот во А1 Македонија
Поддршка и помош на тимот, кој се состои од експерти и специјалисти во областа за развој на нови и управување на постојните телекомуникациски / ИКТ услуги.  Фокусот би бил во подготовката на извештаи и анализи за телекомуникациски / ИКТ услуги, како и помош при лансирање нови продукти. Низ работата ќе учи од тимот професионалци за процесот при лансирање нови продукти, ќе истражува и ќе прави споредба на портфолиото и континуирано ќе ги развива своите вештини. 

A1 Macedonia | Other

Marketing Intern (Business Marketing)

Skopje

полно работно време