Home » Maja Aнчевска Цветковска

“Создади искуство кое ти сакаш да го живееш е една од можностите кои компанијата ги нуди на своите вработени..”

Maja Анчевска-Цветковска, Експерт за Човечки Ресурси

А1 Македонија постојано работи на креирање нови решенија, воведување нови активности и пракси, иновативни производи и канали за комуникација со корисниците, а истите се реализираат на уникатен начин. На уникатен начин компанијата се поставува и кога се во прашање вработените, постојано воведуваме нови пракси кои придонесуваат кон нивна мотивираност, продуктивност, подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа, пракси кои го поттикнуваат учењето и напредок во кариерата.

Создади искуство кое ти сакаш да го живееш е една од можностите кои компанијата ги нуди на своите вработени. Почнувајќи од иновативниот пристап кон поставување огласи, начинот на спроведување интервјуа, вработување и можност за пракси, А1 Македонија со сигурност е компанија која ги отвора вратите на својот свет за млади и перспективни професионалци. Набрзо по нивните почетоци, само во 2020-та година, повеќе од 45 млади таленти кои започнаа како практиканти направија чекор во својата кариера и официјално станаа вработени и дел од големото семејство на А1 Македонија.

Да се биде практикант е одличен почеток за сите оние кои сакаат нови искуства и знаења. А1 Македонија секогаш ги отвора вратите за оние кои сакаат да го градат својот кариерен пат правилно, чекор по чекор. Веруваме дека тоа што младите практиканти или штотуку вработените ги движи напред е чувството дека придонесуваат за А1 Македонија, дека се дел од големата слика, стратегијата и културата, поттик кон дигиталниот начин на живот и иновативните начини на работа.

Ние сме дел од една интернационална компанија која е предводена од доверба, тимска работа и агилен начин на работа. Никогаш не било полесно да размениш експертски познавања како дел од една голема групација или пак да работиш во меѓусекторски тимови и интернационални проекти или пак на дланка да ги имаш најсовремените технологии од областа, сепак она кое е посебно за оваа компанија е прославувањето на заеднички успеси и постигнувања. Тоа се прави на единствен и уникатен А1 начин.

Кој е клучот до успехот? Како да успеете?
Само направете го првиот чекор и направете работите да се случуваат. Важно е да ја препознаете можноста и да возвратите, да имате желба за учење и за тоа да станете идни експерти во одредено поле.

Тоа што А1 Македонија со сигурност може да го понуди е работа со искусни експерти, можност за работа на креирања нови решенија, истражување нови работи и реализација на истите. Патот кон успехот е предводен од идеи, резултати и взаемна почит, но не и хиерархија. Зборот практикант е нешто што е на напишано на парче хартија, а целосно ќе се уверите во тоа кога ќе влезете на вашиот прв состанок и ќе ги добиете првите работни задачи. Имајте доверба во себе и започнете да го градите својот пат.