Оствари ја твојата кариера во А1 Македонија
Дали би сакале да нурнете во нашиот нов дигитален свет како експерт за маркетинг автоматизација? Или можеби да бидете агилен раководител кој предводи цели тимови кон успех? Или дали изнаоѓањето на најдобри решенија за корисниците звучи поинтересно? Што мислите за стекнување на првото работно искуство како практикант или студент? Сето тоа, а и повеќе, е можно во A1.
Сакате да ја изградите Вашата кариера? Дојдовте на вистинското место!
“Создади искуство кое ТИ сакаш да го живееш”, можеби овде кај нас има позиција на која што ти припаѓаш.
Search
Придобивки и погодности
Секако, платата е мотивирачки фактор, сепак, ние во А1 Македонија знаеме дека надоместокот е многу повеќе од само плата и бонуси. Постојат голем број придобивки и погодности кои не прават поатрактивни од другите.
Практикантска програма на А1
Започнете ја Вашата кариера со возбудлива платена пракса во A1 Македонија! Ќе работите на предизвикувачки и креативни проекти во пријателска и флексибилна средина. Нашите ментори ќе Ви обезбедат стручна обука и бесценети искуства. Започнете ја кариерата најдобро што може и стремете се да станете лидер на иднината!
A1 HR Блог
А1 HR блог е место наменето за споделување на разни идеи, перспективи, проекти, искуства и признанија на вработените во А1. Ние сме посветен тим од областа на човечки ресурси, експерти на различни полиња, па оттука нашата визија е преку овој блог да дојдете до интересни откритија и совети, како е да се стане и биде дел од светот на А1 Македонија!
Нашата сила лежи во нашите разлики
Креираме работи и планираме да продожиме со негување на најдобри практики за кои веруваме дека ќе ни помогнат да ги привлечеме најдобрите таленти. Како природна последица на ваквите активности, веруваме дека ќе градиме различни тимови кои носат успеси.
Некои од тие работи вклучуваат:
– Примена на објективен и транспарентен процес на регрутација
– Пристапот „не е соодветен поради културата“ не е код за „не е како нас“ во процесот на селекција и вработување
– Тренинг програма за различност и инклузија
– Мерење на различноста на периодично ниво за да се види процесот на напредување
– Фокус во нашата култура во однос на прифатливо и неприфатливо однесување преку зборови и постапки
Како вработуваме во А1 Македонија.
Транспарентноста во секоја фаза од процесот на селекција и вработување е приоритет на А1 Македонија. Негуваме искрен однос со нашите кандидати и врвното корисничко искуство ни е на прво место.
Контактирајте со Maja, нашето лице кое е одговорно за процесот на селекција и вработување.
Маја е нашиот регрутер и со нетрпение очекува да научи нешто повеќе за Вас и Вашиот интерес да се придружите на нашиот тим.
1. Проучете ја Вашата биографија и бидете запознаени со сите податоци
Обидете се да ги запомните Вашите вештини и постигнувања
2. Дознајте повеќе информации за компанијата и работната позиција за која аплицирате
Подгответе се и ќе имате можност да оставите многу подобар впечаток кај регрутерите кои се задолжени за вработување.
3. Облечете се за да импресионирате (но не премногу)
Подготовката за кое било интервју за работа ќе Ви помогне да се чувствувате уверено и ќе ја покаже Вашата посветеност на позицијата, а тоа е показател дека многу сериозно го сфаќате целиот процес. Бидете најдобра верзија од себе!
4. Нека не Ве загрижува тоа што чувствувате трема, интервјуата се подобруваат со пракса
Интервјуто за работа е вештачка ситуација, но Вашата моќ најсилно се истакнува кога зрачи Вашата неверојатна, брилијантна вистинска личност.
5. Внимавајте на јазикот на телото
„Постапките зборуваат погласно од зборовите“.
6. Покажете што знаете
Истакнете ги Вашите квалификации и вештини и дајте ни најдобра претстава за тоа колку сте подготвени за оваа улога.
7. Завршете убедливо, поставувајќи неколку свои прашања на лицето кое е одговорно за вработување
Убедливиот крај е многу важен. Како што велат, важно е да се остави траен впечаток, особено за време на интервјуата за работа. Еден начин да се стори ова е да се постават проникливи прашања на регрутерот или раководителот за вработување.
8. Пред да го напуштите интервјуто прашајте за следните чекори
Прашајте го лицето кое го врши интервјуто што е следно, за однапред да имате јасна претстава за понатамошните чекори.
Отворена апликација
Секогаш ни претставува задоволство да им посакаме добредојде на нови таленти во А1 Семејството. Доколку не можете да најдете соодветна отворена позиција за која би сакале да аплицирате, поднесете отворена апликација!